Добриот стар Балкан: Судија во Хрватска го исклучил својот помошник поради пристрасност

Необична ситуација се случи викендов на натпреварот меѓу НК Динамо Будимци и НК Лаѓанска во 27. коло од  хрватската нисколигашка Нашице лига. Имено, главниот судија го исклучи својот помошник во 83. минута од натпреварот.

Заднината на приказната е дека поради недостигот на судии во пониските лиги, многу често се делегира само главниот судија, додека во публиката се наоѓаат помошниците. Едниот најчесто го нуди домашниот тим, а другиот гостите.  Така беше и за Будимци, каде единствен „вистински“ судија беше Зденко Керовец, кој, како што во записникот стои на делегатот Иван Кеглевиќ, исклучил еден од своите помошници поради пристрасност.

„Во 83. минута главниот судија го отстрани од игра првиот помошен судија Антун Бичаниќ бидејќи процени дека повеќе не може да ја извршува таа должност поради пристрасност. Поради можни тензии Антун Бичаниќ повика полиција, која на крајот дојде на играта и утврди дека нема потреба од интервенција“, пишува во записникот.

Се вчитува...