Мајами на крилјата на неверојатниот Џими Батлер го исфрли Милвоки со вкупен резултат од 4-1 во првата рунда од доигрувањето во НБА лигата.
Во петтиот натпревар Мајами победи со 128-126 во продолжение, во меч во кој брилјираше Батлер кој заврши со 42 постигнати поени. Ова е историска сензација затоа што Мајами во доигрувањето влезе како осмопласирана екипа на Истокот, а Милвоки заврши како првопласиран.
Мајами, на тој начин, стана шеста осмопласирана екипа која во доигрувањето успеала да елиминира првопласиран тим. Последен пат тоа беше Филаделфија во 2012 година кога го победи Чикаго. Мајами во втората рунда ќе игра против Њујорк никс, кој во пет меча беше подобар од Кливленд.
Џими Батлер во синоќешниот натпревар направи клучен потег во регуларниот дел, кога постигна кош за израмнување на половина секунда пред крајот и така го доведе натпреварот до продолжение.
Освен Батлер одличен за Мајами беше и Адебајо со 20 поени, 10 скока и 10 асистенции, а Винсент постигна 22 поени. Најдобар кај Милвоки беше Јанис Антедукомбо со 38 поени и 20 скока.
Њујорк, пак, во петтиот меч на гости го победи Кливленд со 95-106. Џејлен Брансон со 23 поени и Барет со 21 поен беа најдобри кај Њујорк, а на спротивната страна Донован Мичел запиша 28 поени.
Мемфис го победи ЛА Лејкерс на свој паркет со 116-99, и избегнаа елиминација. Сега е 3-2 во серијата за ЛА Лејкерс.
Дезомонд Бејни со 33 поени и 10 скока беше најдобар кај Мемфис, а одлична ноќ имаше и Морант со 31 поен и 10 скока. Ентони Дејвис кај Лејкерс постигна 31 поен и имаше 19 скока.
Голден стејт на гости го победи Сакраменто со 123-116 и е на чекор од пласман во полуфиналето на Западот, сега со предност од 3-2 во серијата. Стеф Кари со 31 поен и Клеј Томпсон со 25 поени го предводеа Голден стејт, а Де’Арон Фокс беше најдобар кај Сакраменто со 24 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

