Бен Вајт ги загуби нервите, па сакаше да се тепа со Фоден… (ВИДЕО)

Манчестер сити синоќа на Етихад го декласираше Арсенал победувајќи го со 4-1 во 33. коло од Премиерлигата и целосно се врати во трката за титулата.

Сепак, на крајот мечот го одбележаа вербалните и физичките судири меѓу Фил Фоден и Бен Вајт.

На фудбалерот на Арсенал, Бен Вајт очигледно му засмета нешто кај Фоден и одлучи да се пресмета со него по последниот свиреж. Сепак, брзо реагираа соиграчите кои ги разделија.

Јасно е дека играчите на Арсенал беа нервозни по натпреварот, затоа што и самите се свесни каква бодовна предност испушти во претходните четири натпревари во кои не успеаја да дојдат до победат.

Вајт, по судирот со Фоден, се впушти во расправа и со Волкер, но и тоа набрзо се смири.

Се вчитува...