Лампард: Мораме повеќе да веруваме во себе

Привремениот менаџер на Челси, Френк Лампард, доживеа ново разочарување откако неговиот тим загуби на домашен терен 0-2 од Брентфорд и со тоа ја продлабочи кризата во која се наоѓа веќе месец и половина.

Клубот од Лондон нема победа во сите натпреварувања од 11. март, а моментално е на 11. место на табелата во Премиер-лигата.

Сепак, тренерот и поранешен ас на Челзи се уште е оптимист, па ги повика своите играчи малку повеќе да веруваат во себе во преостанатите натпревари до крајот на сезоната.

„Ова е непријатен пораз. Жал ми е за играчите, им недостасува самодоверба во моментов. Ја контролиравме играта во однос на поседот. Во вториот дел доминиравме, но тие ни дадоа гол во контранапад. Во овој момент имам чувство дека се е против нас. Тоа јасно се виде на овој натпревар. Мора да веруваме во нас во следните мечеви кои воопшто не се лесни“, изјави Лампард.

Се вчитува...