Лука Модриќ останува во Реал Мадрид

Полека на повидок доаѓа крајот на сапуницата околу иднината на Лука Модриќ. Според сите проценки, капитенот на хрватската репрезентација ќе остане член на Реал Мадрид уште најмалку една година…

Оваа информација ја пренесува шпанскиот весник „Ас“.

„Хрватот се сретнал со Флорентино Перез и тие усно се договориле да ја продолжат соработката до 2024 година“, наведува АС, додавајќи дека главен приоритет на Модриќ е да остане во Мадрид.

Доколку договорот се официјализира, во летото 2024 година, Модриќ ќе биде во Реал 12 години и ќе има одиграно повеќе од 500 натпревари за Кралскиот клуб.

Модриќ наводно има финансиски многу дарежлива понуда од Саудиска Арабија, но како што истакнува АС, Модриќ јасно му рекол на Перез дека би сакал да има уште една цела сезона во Мадрид приватно и професионално. Тој е среќен таму, како и неговото семејство, тој е во одлична физичка кондиција и се уште е еден од најважните играчи на тимот.

Се вчитува...