Формула 1 тимот на Алфа Таури ќе има нови шефови на почетокот на следната сезона. Актуелниот прв човек на тимот, Франц Тост, ќе се пензионира на крајот на 2023 година, а неговото место ќе го заземе актуелниот спортски директор на Ферари, Лоран Макис.
Исто така, поранешниот генерален секретар на ФИА, Питер Баер, ќе се пресели во Алфа Таури како извршен директор на тимот.
Тоа ќе биде и најголемата промена на шефовите во историјата на Алфа Таури, претходно позната како Торо Росо, откако Ред Бул го купи Минарди во 2005 година. Тост е на чело на тимот 18 години, а под негово водство тимот забележа две победи во Италија, во 2008 и 2020 година.
Минатата година, Алфа Таури ja зазеде само 9. позиција меѓу конструкторите, што предизвика гласини дека Ред Бул може да го продаде тимот. Доктор Хелмут Марко го демантираше ова, но додаде дека ќе има промени кои и официјално ќе се случат на почетокот на следната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА