Алегри: Мораме да собереме сила и да ги оставиме Милан и Рома зад нас на табелата

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри не го криеше своето незадоволство од поразот од Интер во Купот на Италија, со што неговиот тим беше сопрен во полуфиналето, откако Интер со вкупни 2-1 се пласираше во големото финале.

Тренерот го критикуваше настапот на својот тим, особено во почетните минути од мечот кога противникот успеа да постигне гол и да ја однесе победата.

„Чувството беше дека во првите 15 минути спиевме. После тоа бевме малку подобри, но не успеавме да создадеме доволно шанси и немавме многу обиди. Мораме да најдеме енергија, затоа што имаме порази во четири на последните пет натпревари. Мораме да ги засукаме ракавите, не чека полуфинале во Лигата на Европа, и мораме да се пласираме во топ 4 екипи, и да ги оставиме Милан и Рома зад нас. На полувреме направив измени за да го зголемиме притисокот пред противничкиот гол. Но не успеавме“, рече Алегри.

Се вчитува...