Видиќ со совет до Манчестер Јунајтед: Не го купуваjте Кејн!

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Немања Видиќ го советува својот поранешен клуб да не го купува Хари Кејн. Во изминатите денови се појавија информации дека Јунајтед е подготвен да плати 100 милиони фунти за потписот на англискиот голгетер.

Видиќ смета дека Манчестер мора да најде долгорочно решение во нападот, и дека тоа не е Кејн кој веќе е во зрели фудбалски години, и дека тимот мора да се сврти кон друг фудбалер.

„За колку може да го купат? Колку години има? Немам сомнеж дека тој е најдобриот напаѓач во последните 10 години и убеден сум дека ќе постигнува голови, но јас би одбрал други варијанти. Им советувам на Јунајтед да купат напаѓач за во идните десет години“, рече Видиќ.

Се вчитува...