Дуро: Победата можеше да биде уште поубедлива

Струга Трим Лум одново е „сама“ на врвот, откако со победата над Тиквеш, и со „ремито“ на Шкендија против Силекс, направи разлика од пет бодови на првото место на табелата.

Тренерот на лидерот, Шпетим Дуро истакна задоволство од играта на својот тим, особено во вториот дел, кога, според него, екипата целосно доминирала на теренот. На крајот само жали што резултатот не бил поубедлив.

„Секако дека целта беше победа. Што се однесува до играта, добро е што постигнавме гол рано, и брзо го отворивме резултатот. Во првото полувреме имавме некои проблеми, но во вториот дел со сите работи што ги направивме, мислам дека целосно доминиравме. Не му оставивме простор на противникот простор, и на крајот можам да кажам дека резултатот можеше да биде уште поубедлив. – изјави тренерот Шпетим Дуро.

Се вчитува...