Елмас: Распадори уште ми должи 500 евра за асистенцијата против Јуве

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, без сомнение, е една од клучните фигури во таборот на Наполи сезонава настапувајќи на 41 натпревар, притоа досега со шест погодоци и три асистенции, и сите тие на повеќе од значајни мечеви за наполитанците.

Така беше и против Јувентус кога македонскиот „дијамант“ асистираше на Распадори за голот за победа од 0-1 во Торино.

Сите случувања пред, за и по мечот беа интересни за италијанските медиуми, за кои Елмас вели.

„Пред натпреварите секогаш му велам на Распадори – вечерва ќе ти асистирам а ти потоа ќе ми дадеш 500 евра. Му асистирав против Јувентус, но тој сè уште не ми ги дал парите“ – низ смеа коментира Елмас за асистенцијата за триумф.

Во таборот на Наполи веќе постојано се зборува и за начинот на кој ќе биде прославено Скудетото.

„Постојано зборуваме за прославата на Скудетото. Со нетрпение го чекаме тој момент. Ова е неверојатен успех затоа што не се случува секоја година и го знаеме тоа. Доаѓаме од земји како Косово, Македонија, Нигерија, Камерун и други. Како дете, никогаш не сонував дека можам да го освојам Скудетото, но ете сум тука. И секако тоа ќе бидат спомени кои ќе се паметат засекогаш“ – истакнува македонскиот репрезентативец.

Се вчитува...