Виљареал не се откажува од трката за четвртата позиција во Ла Лига која води во Лигата на шампионите следната сезона. Во 31. коло од шпанскиот шампионат „жолтата подморница“ славеше со пресврт 4-2 против Еспањол и се проби на петтото место на табелата пред Бетис.
Еспањол поведе на натпреварот со голот на Пуадо во 45. минута.
Сепак, во второто полувреме целосен пресврт. Најпрво Капуе во 53. минута израмни на 1-1, а потоа Парехо во 63. минута донесе водство од 2-1. Жоселу го израмни резултатот, а Џексон потоа во 80. минута погоди за победа на Виљареал во 80. минута.
Конечните 4-2 ги постави Капуе во 92. минута, со својот втор гол на натпреварот.
Во вториот вечерен натпревар, Валенсија со голот на Гуеро Морено во 93. минута дојде до победа од 2-1 против Ваљадолид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА