За помалку од пет часа „пламнаа“ билетите за третиот натпревар од четвртфиналната пресметка во кошаркарската Евролига меѓу Партизан и Реал Мадрид кој треба да се игра следната недела во Белград.
Цената на билетите се движеше од 10 до 500 евра, а ги снема за само неколку часа. Посебно откако Партизан победи на првиот меѓусебен дуел во Мадрид.
Затоа и не чуди што голем дел од навивачите кои останаа без билет, се обидуваат да дојдат до истиот на специфичен начин. Се разбира, повеќе шеговит, но интересен…
„Ја менувам жена ми за билет за Партизан – Реал Мадрид. Кошарка. Итно“ – пишува во објавен оглас на еден од навивачите на Партизан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА