Жељко Обрадовиќ: Постои видео, убаво се гледа кој почна

Жељко Обрадовиќ оствари одличен резултат откако со Партизан по двете гостувања во Мадрид стигна до водство од 2-0 против големиот Реал. За жал, денешниот дуел остана во знакот на скандалозниот инцидент и масовната тепачка во која подебелиот крај го извлече Данте Егзум, за кого оваа сезона речиси сигурно е завршена.

„Дојдовме овде да играме против Реал Мадрид, добар клуб, знаевме дека ќе биде тепко. Имаме 2-0 и среќни сме поради начинот на кој игравме. Знаеме дека ништо не е готово, очекувам Реал на наредниот дуел да дојде до Таварес, мораме да бидеме внимателни. Мораме да зборуваме само за кошарка, нема потреба од други теми“, го почна Обрадовиќ своето обраќање пред медиумите.

Сепак, мораше да стане збор и за големиот инцидент поради кој мечот не го дочека својот крај.

„Не знам што да одговорам, каква казна ќе добијат виновниците, тоа не е моја одлука, туку на Евролигата. Ова не е добра слика ниту за Реал Мадрид ниту за Партизан, ова не смее да се повтори никогаш. Зборувавме за емоции, нормално е да има одредена реакција, но вакво нешто не смее да се случи. Од овој момент ќе се обидам да ги смирам тензиите, имам пријатели во Реал Мадрид, тоа е голем клуб и сакам да зборуваме за кошарка. Евролигата ќе решава за казните, впрочем, има видео снимка и убаво се гледа кој го почна она што се случуваше“, прокоментира трофејниот стратег на клупата на Партизан.

Се вчитува...