Се огласи и Кевин Пантер: Јас не го почнав ова с..ње

Големиот инцидент на дуелот меѓу Реал Мадрид и Партизан почна по намерната лична грешка на Љуљ над Пантер, по што американскиот бек на Партизан изреагира, а хаосот настана кога се вклучија дел од останатите играчи.

Пантер во текот на ноќта се огласи преку својот профил на твитер, реагирајќи на објавата на специјализираниот кошаркарски портал „Спортандо“, кој имаше наслов дека Љуљ и Пантер го почнале инцидентот.

„Јас не го почнав ова с..ње, замолчите“, напиша Пантер на твитер.

Поранешниот играч на Карпош Соколи, Кендрик Пери, се надоврза со коментар: Да бидеме реални, само еден од овие момци го почна инцидентот“.

Следеше и објава на поранешниот плејмејкер на Барселона, Малком Дилејни: Се почна од Љуљ.

Се вчитува...