Чус Матео: Партизан е тим што знае како да се игра со вашите нерви

Стратегот на Реал Мадрид, Чус Матео, не го криеше разочарувањето од големиот инцидент во финишот од последниот дуел со Партизан што резултираше со исклучување на речиси сите кошаркари.

Партизан доминираше на теренот, „кралевите“ ги загубија нервите и неколку пати стартуваа поостро врз „црно-белите“, за на крајот Пантер да реагира на неспортскиот прекршок на Љуљ, а шпанскиот како едвај да чекаше мешаница за да ги исфрли на површина сите свои фрустрации.

„Противничкиот тим беше многу остроумен. Ако Партизан знае нешто, тоа е да се игра со вашите нерви. Поради фрустрациите ги загубивме нервите. Ова е спорт и не сакаме да го гледаме она што се случи. Сепак, со сета таа фрустрација, тешко е да се остане мирен. Играчите зборуваа меѓу себе во соблекувалната и сите се смирија. Ќе продолжиме да се бориме до крај. Се извинуваме на сите, исто така и на луѓето од Партизан“, изјави тренерот на Реал Мадрид.

Се вчитува...