Поранешниот кошаркар на Звезда: „Се молам за Реал Мадрид и тоа што ќе го снајде во Белград“

Дилан Енис, поранешниот кошаркар на Црвена Звезда, имаше свој став околу натпреварот Реал Мадрид – Партизан, кој беше прекинат порди општа тепачка, а белградскиот тим дојде до втор брејк, и се стекна со голема предност пред првиот меч во Белград.

Овој кошаркар професионалната кариера ја почна во Мега, а во 2017/18 играше за „црвено-белите“ пред да замине во Шпанија каде настапуваше за три клуба, а сега игра за турски Галатасарај. Тој искажа загриженост за безбедноста на кралскиот клуб во Белград.

„Се молам Реал Мадрид во Србија да влезе со национална гарда. Да се влезе во салата на Партизан за третиот и четвртиот натпревар меѓу навивачите после ова… Се молам за сите нив“, напиша Енис.

Се вчитува...