Откако минатата година го организираше Светското првенство во фудбал, Катар во 2027 година ќе биде домаќин на најдобрите кошаркарски репрезентации од целиот Свет. ФИБА соопшти дека оваа земја го доби домаќинството на Мундобаскетот а четири години.
Како што е соопштено, сите натпревари од шампионатот ќе се играат во главниот град на Катар, Доха. Бордот на ФИБА бил импресиониран од понудата од Катар, а особено околу елементите за „компактна географска положба, флексибилност со расопоредот на турнирот со кој најдобро би се служеле навивачите“.
ФИБА ја нарече земјата една од најдобро поврзаните дестинации на светот, а исто така Доха има директни летови од речиси сите потенцијални земји учесници, а неодамна унапредената мрежа на метрото и јавниот превоз ги поврзува одлично сите места и нуди одлична услуга за сите посетители.
Исто така најсилен адут на Катар е тоа што сите сали се веќе изградени и ќе нема потреба за чекање за изградба или реконструкција, а се оддалечени 30 минути една од друга.
„Да се имаат сите 32 тима кои учествуваат во сам оеден град ќе претставува единствена шнаса за навивачите да присуствуваат на најголем број натпревари отколку на било кое друго Светско првенство“, рече генералниот секретар на ФИБА, Андреас Загклис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

