Претседателот на Ла Лига Хавиер Тебас уште еднаш проговори за шансите Лионел Меси да се врати во шпанската лига како член на Барселона.
Првиот човек на шпанската лига смета дека тоа ќе биде многу тешко да се случи поради големите финансиски проблеми што ги има Барса, која во моментов нема место во буџетот за да го регистрира Аргентинецот. Меси е под договор со ПСЖ до крајот на тековната сезона.
„Таа работа во моментов ми изгледа многу компликувана. Има уште време, но Барселона ќе мора да отпушти играчи и да ги скрати платите за да може Меси да се пријави. А тука е и информацијата која ни е непозната, колкава ќе биде неговата плата“, изјави Тебас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

