„Не се грижете… Рафа ќе игра на Ролан Гарос“

Шпанскиот тениски тренер Тони Надал ги смирува фановите на Рафа и истакнува дека освојувачот на четиринаесет титули на Ролан Гарос ќе настапи во Париз.

Популарниот Рафа го нема на терените уште од Австралија опен и поразот од Мекензи Мекдоналд во раната фаза на турнирот.

Тој ја пропушти американската турнеја, но и Мастерсите во Монте Карло и Мадрид.

„Тој би сакал да се натпреварува. Тој ќе игра во Париз, иако ќе биде важно да се види неговата состојба, да се види како тренира во следните недели и да се анализира што може да направи во Рим. Не размислува за пензија, тој само сака да се опорави и да продолжи да се натпреварува бидејќи се уште ја чувствува страста за спортот“, изјави Тони Надал.

Се вчитува...