Регуларниот дел до сезоната во македонската кошарка донесе интересни и возбудливи натпревари во кои ретко кога имаше изразит фаворит, бар кога станува збор за натпреварите одиграни помеѓу осумтте пласирани екипи во плејофот што воедно ни наговестува интересна битка за титула.
Истата започнува денеска од 18 часот во Скопје и Гостивар каде ќе се сретнат ТФТ и Еуро Никел, односно Гостивар и Работнички. А, кои тимови ќе започнат со предност од 1-0 во четвртфиналето ќе дознаеме утре по натпреварите помеѓу Пелистер и Феникс 2010 од 18 часот и 30 минути, односно МЗТ Скопје и Кожув од 19 часот.
Бранителот на трофејот, воедно е и топ фаворит за освојување на титулата. МЗТ Скопје е тимот со најдолга клупа и воедно најквалитетните кошаркари кои на Купот „Благоја Георгиевски – Буштур“ имаа улога на „казнена експидиција“ со што без многу маки го освоија вториот трофеј во сезоната.
На аеродромци сега им преостанува да ја потврдат доминацијата во макбаскетот и сезоната 2022/23 да ја завршат со „триплета“. Во однос на Суперкупот и Купот сега форматот на натпреварување е друг, но во серија до два или три добиени натпревари истиот повторно е во полза на деветкратниот шампион.
Патот до полуфиналето сепак останува отворен со што не очекуваат интерсни натпревари во сериите помеѓу екипите кои оваа сезона го најдоа решението за противникот.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА