Кошмар за Анчелоти: Модриќ нема да игра против Манчестер сити

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти потврди дека Лука Модриќ има повреда на бутниот мускул и можеби ќе го пропушти финалето од Купот на Шпанија кое се игра следната сабота, а под знак прашалник е и за првиот дуел во полуфиналето од Лигата на шампионите против Манчестер сити.

Модриќ го напушти теренот поради повреда на мечот со Жирона. Тој нема да игра на следните два меча за Реал Мадрид против Алмерија и Реал Сосиедад, а во трка со времето е за финалето од Купот на Шпанија.

„Тој има мала повреда и се зависи од тоа како ќе се развива. Не знам дали би бил фит за финалето од купот, мора да го следиме. Само три дена подоцна играме против Манчестер сити, не знам дали ќе успее да биде фит. Се надевам дека ќе може да сметаме на него“, вели Анечлоти.

Од таборот на кралскиот клуб се надеваат дека Модриќ ќе биде фит за полуфиналниот двомеч против Манчестер сити во Лигата на шампионите, но шансите не се најголеми бидејќи првиот натпревар против Сити ќе се игра само три дена по финалето во Копа дел реј.

Се вчитува...