Леао: На соиграчите им пуштам мои песни, Ибра ми се смееше

Рафаел Леао, еден од најдобрите фудбалери на Милан оваа сезона кој ги предводеше „росонерите“ до полуфиналето во Лигата на Шампионите како професионалец се бави и со музика.

Португалецот настапува под името „Way 45“, а во интервју за познатиот магазин „Ролинг Стоунс“ говореше за значењето на музиката во неговото семејство, но откри и како неговите соиграчи ги прифаќаат неговите песни.

„Музиката е дел од моето семејство. Чичко ми беше ди-џеј, татко ми пејач, а мојата музика е хип-хоп. Преку неа се изразувам бидејќи сум срамежлив и не ги покажувам често моите чувства. Но, тоа можам да го правам преку музиката. Темата на која рапувам е во главно растењето во сиромашна населба во мал град. Некои мои соиграчи ги слушаат моите песни. Некои ми се смееја, некои ми дадоа поддршка. Златан Ибрахимовиќ се смееше. Ми рече да се фокусирам на фудбалот, а не на музиката. Други пак ми рекоа да продолжам да снимам“, открива Леао.

Се вчитува...