Максимов: Нема друго…, мора на победа против Македонија ЃП

Со натпреварот меѓу Шкендија и Македонија ЃП денеска стартува 30. коло од Првата македонска фудбалска лига. Натпреварот со почеток од 16 часот се игра под Шара, додека сите останати мечеви од ова коло се играат утре.

Шкендија по киксот со Силекс во средата, кога ремизираше без голови, сега единствено размислува на победа во пресметката против „лавовите“.

„Немаме друг избор освен победа над Македонија ЃП. До крајот остануваат уште четири кола, за нас секој меч ќе биде како финале сега до крајот на сезоната. Не се предаваме, имаме надеж, но сега не зависи само од нас. Играме против силен тим, тоа е тим кој си има свои амбиции. Сепак играме дома, играме пред нашите фанови и секак дека посакуваме победа и освојување на три бода“ – вели Максимов пред денешниот натпревар во Тетово.

Останатите четири натпревари од ова коло, се играат утре (недела, 30. април) од 16 часот.

Се вчитува...