Германската Фудбалска Федерација одговори на обвинувањата од Борусија Дортмунд по судиската неправда на синоќешното гостување против Бохум, преку соопштение потврдувајќи дека „милионерите“ се во право бидејќи не бил досуден очигледен пенал за нив во второто полувреме.
Спортскиот директор на Борусија, Себастијан Кел, го обвини главниот судија за кукавичлук и немање храброст да досуди пенал за Борусија, нешто што беше потврдено со соопштениео на федерацијата.
„Во 65. минута Данило Суареш оди во старт со Карим Адејеми, дефанзивецот тргнува со две нозе по топката, но не стигнува до неа, туку го удира противникот и го соборува на земјата. Ова е фаул и чист пенал, како што потврдуваат ТВ-снимките. Сепак, очекувањата се ваквите ситуации да бидат решавани од главниот судија, без да бара помош од ВАР“, се вели во соопштението.
Ова е слаба утеха за „милионерите“, кои поради оваа одлука останаа без посакуваните три бода, губејќи ја пол-позицијата во трката за титулата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА