ВИДЕО: Мајстории на Чинари и Самир Фазли…, Шкендија води со 2-1 на полувремето против „лавовите“

Шкендија има предност од 2-1 против Македонија ЃП по првите 45 минути игра во првиот натпревар од 30. коло во Првата македонска фудбалска лига.

На мечот кој се игра на Градскиот стадион во Тетово, Шкендија поведе брзо со голот на Милев уште во 8. минута од средбата.

Во 35. минута одличен шут од 20 метри на Чинари кој мајсторски погоди во долниот лев агол од голот на „лавовите“ за водство од 2-0.

Но, веќе во 38. минута Македонија ЃП успеа да ја намали предност по соло-акцијата и убавиот гол на поранешниот фудбалер на Шкендија, Самир Фазли…

РЕЗУЛТАТИ – 30. КОЛО
Тетово: ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП 2-1
Милев 8′, Чинари 35′ – Фазли 38′
УТРЕ (16 ч.)
Штип: БРЕГАЛНИЦА – СТРУГА ТЛ
Кратово: СИЛЕКС – ШКУПИ
Прилеп: ПОБЕДА – СКОПЈЕ
Кавадарци: ТИКВЕШ – РАБОТНИЧКИ
АК. ПАНДЕВ – слободна

Се вчитува...