ВИДЕО: Мечот во Тетово заврши по неверојатни 110 минути – Се чекаше Тетекс да даде гол за победа над Пелистер!!?

Македонскиот фудбал, не ретко, е препознатлив по своите епизоди за Гинис. Уште една денеска во Тетово на дуелот од 27. коло во Втората македонска фудбалска лига, и мечот меѓу Тетекс и Пелистер кој траеше неверојатни 110 минути. Цели 20 минути судиско продолжение, очигледно во очекување на голот за победа на

„Штофарите“ на дуелот поведоа во првото полувреме за 1-0 во битката за неопходни бодови за опстанок во второлигашката конкуренција. Меѓутоа гостите од Битола израмнија непосредно пред крајот на оние „регуларни“ 90 минути, па очигледно ги „измешаа лончињата“.

Е, откако „пелистерци“ израмнија настана нервоза на теренот со бројни прекини на мечот до крајот на 90 минути, тензии и меѓу фудбалерите на двата тима но и на домашните со судиската тројка, по што мечот отиде во неверојатно судиско продолжение од дури 20 минути!

Сите на теренот, заедно и со судиите, чекаа да се случи погодок… Но, мораше да се одолговлекува по вина на домашните фудбалери кои десет минути не успеваа никако да ја погодат мрежата на гостите што наиде на смеа дури и кај домашните навивачи. На крај, некако, Кировски погоди во 108. минута за победа за Тетекс од 2-1, па конечно мечот можеше да заврши во 110. минута. Среќа што Кировски погоди. Инаку, којзнае до кога ќе се играше!?

Се вчитува...