Жозе Мурињо има за што да жали откако неговиот тим пропушти златна шанса да го победи Милан и да остане осамен на четвртото место на табелата. Абрахам донесе водство на Рома во судиското продолжение, но и тоа беше недоволно за победа бидејќи Салемакерс во 97. минута спаси бод за гостите од Милано.
Португалскиот стратег по мечот искажа гордост од изданието на своите избраници и храбрата игра без оглед на проблемите со бројните повреди со кои се соочуваше Рома во пресрет на овој меч.
„Од аспект на нашата игра, на она што го покажавме како тим против Милан, со сите проблеми кои ги имавме, морам да бидам задоволен. Треба да разберете, ние не сме богата екипа, секој играч што ќе го загубиме е огромен проблем, а загубивме толку многу фудбалери во изминатиот период. Да се бориме на ваков начин против овој тим на Милан, да се бориме за четвртото место до самиот крај, слободно можам да кажам дека повеќе сум горд отколку тажен. Нормално, тажен сум бидејќи бевме толку блиску до трите бода, но чувството на гордост преовладува“, изјави Мурињо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА