Мајсторија на Запата, Аталанта им дише во врат на Рома и на Милан

Фудбалерите на Аталанта по голема борба успеаја да стигнат до три бода на гостувањето против Торино (1-2), резултат со кој тимот од Бергамо ја продолжува трката за четвртото место кое води во Лигата на Шампионите.

Аталанта беше тимот што прв дојде во водство, откако во 34. минута Запакоста се најде на вистинското место и да го совлада голманот Милинковиќ Савиќ. Обидите на Торино да се врати во мечот вродија со плод на десетина минути до крајот, гостинскиот голман кратко одби топка по еден шут кон неговиот гол, до неа стигна Санабрија, кој речиси од „мртов агол“ успеа да ја смести во мрежата.

Гсотите очекувано тргнаа во тотална офанзива, а како пресуден се покажа моментот од 87. минута, кога Запата најпрвин маестрално се ослободи од својот ривал, си создаде позиција за шут и мајсторски донесе победа на Аталанта.

Аталанта по ова реми го прескокна Интер на шестата позиција со 55 бода, два помалку во однос на Рома и Милан кои се наоѓаат на делба на четвртото и петтото место на табелата.

Се вчитува...