Денвер го демолираше Феникс во првиот натпревар од полуфиналето на Западот во НБА лигата, славејќи со 125-107 на крилјата на Џамал Мареј и неговите 34 поени.
Канадскиот бек погоди шест тројки од десет обиди и подели девет асистенции, само потврдувајќи дека секогаш е подготвен да го даде максимумот за тимот во плејофот, секогаш кога е здрав.
Никола Јокиќ запиша „дабл-дабл“ од 24 поени и 19 скока, плус и со пет асистенции, а Арон Гордон дополни со 23 поени.
Феникс го доживеа само вториот пораз со Кевин Дурант во составот, откако во регуларниот дел од сезоната имаа 8-0, а во првиот круг од плејофот ги елиминираа ЛА Клиперс со 4-1 во серијата. Дурант синоќа постигна 29 поени, имаше и 14 скока, но имаше и седум загубени топки. Девин Букер постигна 27 поени, дополнети и со осум асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА