Хасан Салихамиџиќ се соочува со сериозни критики, најголеми во последните шест години откако го менаџира спортскиот дел на Баерн Минхен. Впечатокот е дека раководството на Баерн го загуби компасот, а навивачите го загубија трпението.
Знаат во Баерн дека по заминувањето на Роберт Левандовски на екипата и е неопходен врвен напаѓач, поради што Салахимаџиќ веќе работи на случајот.
Како што пренесува „Билд“, Салихамиџиќ веќе го контактирал Чарли Кејн, братот на одличниот напаѓач на Тотенхем, Хари Кејн.
Чарли Кејн, како менаџер, застапува само еден играч, а тоа е неговиот брат Хари. Во Баерн се убедени дека ќе успеат да го донесат извонредниот напаѓач во своите редови, затоа што, пак, во Тотенхем се решени да не го продаваат на директните свои конкуренти во Премиерлигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА