Судијата кој ја „уништи“ Борусија призна: „Се чувствувам како го*но“

Судијата Саша Штегеман не досуди два пенали за „милионерите“ тотално оштетувајќи го тимот на Борусија Дортмунд во пресметката против Бохум која заврши без победник.

По големиот број критики поради грешките, судијата Штегеман призна дека направил грешка која може да биде клучна во трката за титулата во Бундеслигата.

„Не знам што се случи. Се чувствувам како го*но. Лут сум и бесен. Кога повторно ја видов ситуацијата, сфатив дека има пенал за Адејеми, но за жал тоа не го видов на теренот. Сега кога ги гледам снимките, можам да кажам дека направив грешки. Имаше пенал за Дортмунд“ – призна Штегеман.

Се вчитува...