Супер-пресврт на Интер во последните 10 минути за триумф над Лацио (ВИДЕО)

Интер дојде до повеќе од важна победа од 3-1 против Лацио во 32. коло од Серија А.

„Нераѕурите“ дојдоа до пресврт во последните десет минути, откако Лацио поведе со голот на Фелипе Андерсон уште во 30. минута.

Но, во 78. минута Мартинез најпрво успеа да израмни на 1-1. За да потоа, Госенс во 83. минута донесе и предност од 2-1 за Интер, а конечните 3-1 ги заокружи Мартинез во 90. минута.

Се вчитува...