Струга ТЛ цврсто чекори кон титулата во Првата македонска фудбалска лига, не дозволувајќи доближување на Шкендија. Стружани имаат предност од 0-2 на полувремето во 30. коло на гостувањето против Брегалница во Штип.
Струга ТЛ уште во раната фаза, во 9. минута со голот на Малески дојде до предност од 0-1.
Во 45. минута Бесарт Ибраими погоди директно од слободен удар, со помош и на несигурната интервенција на Денковски, за 0-2 на полувремето.
Предност од 0-2 на полувремето има и Работнички на гостувањето против Тиквеш во Кавадарци. За 0-1 погоди Маркоски во 21. минута, а Гандо во 41. минута заокружи за 0-2.
Силекс и Шкупи играат без голови во Кратово, а предност од 0-2 има и Скопје на гостувањето против Победа во Прилеп.
РЕЗУЛТАТИ – 30. КОЛО (прво полувреме)
Штип: БРЕГАЛНИЦА – СТРУГА ТЛ 0-2
Малески 9′, Ибраии 45′
Кратово: СИЛЕКС – ШКУПИ 0-0
Прилеп: ПОБЕДА – СКОПЈЕ 0-2
Кавадарци: ТИКВЕШ – РАБОТНИЧКИ 0-2
Маркоски 21′, Гандо 41′
АК. ПАНДЕВ – слободна
ВЧЕРА
Тетово: ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП 3-1
Милев 8′, Чинари 35′, Рамадани 68′ – Фазли 38′
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА