ВИДЕО: Мак-кошарка и се е можно: Тренерот на МЗТ, Николиќ си влета на терен и собори противнички играч!!?

Македонска кошарка и очигледно се е можно! Но, сето тоа дополнето и со српски шмек кога е во прашање тренерот на МЗТ Скопје, Гаги Николиќ.

Вистинска циркус-ситуација се случи во првиот четвртфинален натпревар од плејофот меѓу МЗТ Скопје и Кожув во македонскиот шампионат. МЗТ Скопје има негатива на дуелот со гевгеличани, го почна мечот со доста осцилации па очигледно сето тоа го извади од контрола и тренерот Николиќ кој имаше крајно срамна реакција во втората четвртина.

Николиќ незадоволен поради недосуден прекршок над Робев во нападот на својот тим, крајно неочекувано влета на терен и го собори противничкиот играч спречувајќи напад на гостите. Без сомнение, апсолутно несоодветна ситуација за човек кој го води македонскиот шампион.

На крај, Николиќ секако заработи исклучување како и Абу кој влета од клупата дополнително. На полувремето МЗТ има негатива од 39-49 на домашен терен против Кожув.

Се вчитува...