Фудбалерите на Атлетико Мадрид без проблеми дојдоа до триумф на гостувањето против Ваљадолид во 32. коло од Ла Лига.
„Јорганџиите“ победата ја најавија уште со голот на Молина во 20. минута, а Хименез веќе во 24. минута зголеми на 0-2. Мората зголеми на 0-3, а пред полувремето Ларин успеа да постигне гол за ублажување на негативата на својот тим.
Во второто полувреме Ескудеро намали на 2-3, но во финишот Атлетико Мадрид со уште два гола запечати за 2-5.
Атлетико Мадрид со оваа победа сега повторно е само на два бода од второпласираниот Реал Мадрид на табелата во шпанскиот шампионат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА