Историска ноќ за Стеф Кари: Голден стејт го елиминираше Сакраменто (ВИДЕО)

Кошаркарите на Голден стејт славеа убедлива победа од 100-120 на гостувањето против Сакраменто, на тој начин изборувајќи се за победа од 4-3 во серијата и пласман во полуфиналето од плејофот на Западот каде ќе се сретнат со ЛА Лејкерс.

Мечот мина со одбележана уште една историска ноќ за Стеф Кари кој постигна неверојатни 50 поени, дополнети и со осум скока и шест асистенции. Така Кари стана играч со најмногу постигнати поени во седми натпревар од плејофот во историјата на НБА лигата.

Одличен беше и Кевин Луни со 11 поени, но имаше дури 21 скок, а најефикасен кај домашните беше Домантас Сабонис со 22 постигнати поени.


Се вчитува...