Мартин Томовски бранеше во извонредна форма на синоќешниот дуел со Турција, со своите 16 интервенции давајќи огромен придонес на патот до победата.
Изјавата по мечот одличниот чувар на мрежата му ја посвети на Гоце Георгиевски, јавно заблагодарувајќи му се за придонесот што десното крило го имаше во настапите за националниот тим повеќе од една деценија.
„Убаво е што успеавме да се квалификуваме на ЕП со победа на последниот меч. Беше потешко отколку што очекувавме, но Турција е сериозен противник, го промени составот и со подобар тим дојде во Скопје. Ние, ќе мораме да напредуваме за да можеме да ги оствариме нашите цели. Сакам да му се забалгаодарам на Гоце Георгиевски за сѐ што има натпревано за македонската репрезентација низ годините. Првенствено како човек, личност, а потоа и како спортист. Беше наша чест и задоволство да се дружиме, да тренираме и да играме заедно, да слушаме совети од една личност каква што е Гоергиевски. Ти благодариме за сѐ“, изјави Мартин Томовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА