Партизан една победа го дели од место на „фајнл 4“ турнирот на Евролигата во Каунас откако во четвртфиналната серија против Реал Мадрид забележа две победи на гостински терен. „Црно-белите“ ќе имаат можност да го заверат своето место меѓу најдобрите четири веќе утре во Белград, но за тој натпревар нема да можат да сметаат на своите најдобри кошаркари Кевин Пантер и Матијас Лесор.
Американецот и Французинот беа дел од тепачката која за жал го одбележа вториот натпревар од серијата, а иницијаторот на истата – Серхио Љуљ не доби никаква казна. Искусниот шпански кошаркар сега говореше за инцидентот и престојниот дуел во „Штарк Арена“.
„Работите искочија од контрола и тоа беше целосна катасторфа на сите страни. Се случи што се случи и нема назад. Сите се извинивме, добивме казна и тоа е тоа. Единствено не треба да се повтори. Ослабени сме, но не поради казните, туку поради тоа што се случи. Има многу тензија во тие натпревари, многу емоција, тие кои играат кошарка или се бават со спорт знаат дека е тешко да се контролираш. Ништо не оправдувам, но мораме да заборавиме на тоа и да се фокусираме на добра кошарка во вторник.
Екипата е целосно фокусирана на натпреварот против Партизан и ќе се обидеме да стигнеме до пресврт кој ќе биде многу тешко да се оствари. Играат дома, пред своите навивачи, но ќе се бориме до крај. Тоа го бара овој дрес. Навивачите нека знаат дека ќе дадеме се од себе, цел труд и жртва за победа. Се додека не испаднеме, не треба да се откажуваме“, вели Љуљ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА