Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов е пред враќање во редовите на Шалке 04, пренесува угледниот германски новинар Флоријан Плетенбург.
Чурлинов се избори со Барнли за враќање во Премиерлигата, но како што тврди Плетенбург, е сериозно расположен за враќање во Германија каде се чувствува фудбалски попосакувано и подобро, посебно во редовите на Шалке 04 каде имаше одлична полусезона.
Се потенцира дека агентите на Чурлинов веќе сериозно работат за враќање на македонскиот фудбалер во Германија, а расположение за такво нешто има и во редовите на Шалке 04. Според најавите, се очекува едногодишна позајмица од Барнли во Шалке 04, а потоа можност и за целосен откуп на договорот.
Тимот од Гелзенкирхен во моментов е на претпоследната позиција во Бундеслигата, во очекување на жестока битка до крајот за опстанок во елитното германско друштво.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА