Добар дел од европската кошаркарска јавност се прашуваше зошто нема казни и за кошаркарите на Реал Мадрид, Серхио Љуљ и Џанан Муса по големиот инцидент на вториот четвртфинален меч од Евролигата против Партизан во Мадрид.
Па, по серијата прозивки, Евролигата денеска со објаснување за својата одлука во која Реал Мадрид и Партизан беа казнети со по 50.000 евра, Јабуселе доби суспензија од пет натпревари, додека Дек и Лесор ќе паузираат само еден меч.
„Точно е дека Љуљ направи неспортски прекршок, но тоа беше сè што стори. Кога Пантер се втурна во него, тој остана смирен и не реагираше бурно за време на инцидентот. Јасно се гледа на сите видео снимки дека Љуљ не учествува во тепачката и едноставно чека да се смири ситуацијата. Џанан Муса, пак, не возврати на ударот од Пантер и сметаме дека тука нема апсолутно ништо спорно. И Пантер и Лесор го нападнаа босанскиот кошаркар, но тој не изреагира недолично и затоа не е казнет, што не е случај со играчите на Партизан“ – се вели во соопштението на Евролигата.
Партизан има предност од 2-0 во четвртфиналето, пред утрешниот трет меч кој се игра во „Штарк арената“ во Белград.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА