Одбојкарките на Работнички доминантно ја одбранија двојната круна (ФОТО)

Одбојкарките на Работнички Скопје ја одбранија минатогодишната двојна круна. По освоениот трофеј во Купот на Македонија, денеска Работнички доминантно дојде и до шампионскиот трофеј во шампионатот откако во финалната серија од разигрувањето, најдобрата екипа кај нас сезонава беше поуспешна од Јанта волеј со 3-1 во победи.

Во денешниот четврти натпревар од финалната серија, Работнички Скопје на теренот на Јанта волеј славеше ппет сета со 20-25, 17-25, 25-19, 25-19, 5-15.

Избраничките на Душко Деспотовски одиграа одличен натпревар, иако наидоа на навистина жесток отпор од одбојкарките на Јанта волеј кои и по негатива од 2-0 во сетови, не се откажаа, за да Работнички сепак на крај дојде до убедливи 15-5 во петтиот сет.

Најуспешна кај Работнички беше Стојанова со 21 поен до победа и до 16-та титула на Работнички на домашната сцена, која годинава беше зачинета и со 14-тиот трофеј во Купот на Македонија.

Се вчитува...