Кошаркарите на Денвер Нагетс поведоа со 2-0 во полуфиналната серија во Западната конференција против Феникс Санс откако и во вториот меч на домашен терен во Колорадо славеа со 97-87.
Никола Јокиќ имаше брутална партија завршувајќи го натпреварот со 39 поени, надополнети со 16 скока и пет асистенции. Кај поразените недоволни беа 35 поени на Девин Армани Букер.
Филаделфија 76 направи брејк на гостувањето кај Бостон Селтикс и поведе со 1-0 во полуфиналето на Истокот, откако синоќа славеше во „ТД гарден“ со 115-119. Во отсуство на Џоел Ембид, најдобар поединец кај „76“ беше Џејмс Харден кој постигна 45 поени. Кај поразените Џејсон Тејтум заврши со 39 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

