Официјално е потврдено дека од патниците кои доаѓаат во САД повеќе не се бара да имаат доказ за вакцинација против коронавирусот. Тоа значи дека српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе може да настапи на УС Опен.
Поради статусот на вакцинација, Ѓоковиќ веќе ги пропушти Мастерсите во Индијан Велс и Мајами во тековната сезона, а во претходната не можеше да настапи во Њујорк на последниот гранд-слем восезоната.
„Администрацијата на Бајден ќе го прекине барањето за вакцинација против Ковид 19 за сите федерални вработени, подизведувачи, меѓународни патници, работници во образованието…“, се вели во официјалното соопштение на веб-страницата на Белата куќа.
УС Опен започнува на 28. август и ќе трае до 10. септември, а титулата ја брани Карлос Алкараз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

