Јокиќ даде потполно неочекуван одговор на прашање за МВП наградата (ВИДЕО)

Дали Никола Јокиќ трет пат едно по друго ќе ја добие наградата за најкорисен играч на НБА лигата ќе дознаеме во текот на вечерта помеѓу вторник и среда. А, додека светот нетрпливо го чека гласањето, српскиот интернационалец кој е топ фаворит за наградата истата воопшто не го интересира.

Тој од страна на новинар доби прашање што ќе прави за време на доделување на наградите по што следеше одговор карактеристичен за Јокиќ кој ја воодушеви јавноста.

„Се надевам дека ќе биде сончев ден па ќе бидам во базенот“, одговори Србинот.

Се вчитува...