Почина легендарниот Дамир Шолман

По долго и тешко боледување на 74 годишна возраст почина поранешниот југословенски репрезентативец Дамир Шолман.

Шолман е роден во Загреб во 1974 година, а својата кариера ја почна во Младост. Од 1968 до 1983 година, со исклучок на една сезона во Италија, ја помина во тимот на Југопластика во која се уште е најдобар стрелец со 5.783 поени. Со сплитскиот гигант освои две титули во југословенското првенство, три Купа, два пехара во Купот „Радивој Кораќ“ и играше финале во Купот на победниците на куповите.

Со југословенската репрезентација, два пати беше европски и еднаш светски шампион, а освои и две олимписки и едно светско сребро.

Се вчитува...