Чурлинов се врати во Гелзенкирхен, потписот со Шалке е многу блиску

Дарко Чурлинов е многу блиску до камбек во Шалке, откако германскиот прволигаш ги почна преговорите со Барнли за да го врати македонскиот репрезентативец назад во Гелзенкирхен.

Неговиот соиграч Салазар пред неколку дена објави видео дека „Чурлинов е назад во градот“, додека „Скај Германија“ обелодени дека Шалке веќе преговара со Барнли. Англискиот клуб не му даде преголема шанса за докажување на Македонецот во Чемпионшип, а сега кога е обезбеден влез во Премиер-лигата се сочува минутажата на Чурлинов да биде уште полимитирана.

Поради ова, Барнли е подготвен да го пушти Македонецот да си замине од клубот. Преговорите со Шалке се за позајмица на една година, со клаузула за задолжителен откуп на крајот од следната сезона, а Чурлинов е подготвен за камбек во таборот на „сино-белите“. Дури и доколку Шалке испадне од првата Бундес-лигата, тоа нема да го промени ставот на македонскиот офанзивец, кој лани помогна тимот да влезе од втора во прва лига и сега е повторно подготвен за иста битка во дресот на „сино-белите“ од Гелзенкирхен.

Се вчитува...