Хаос во Москва: Швед нападнат од хулигани по елиминацијата на ЦСКА од ВТБ-лигата

Тензична е атмосферата во таборот на ЦСКА Москва по вчерашниот шокантен пораз од Локомотив Кубан кој значеше и елиминација во полуфиналето од ВТБ-лигата.

Доказ за тоа е и информацијата дека најголемата ѕвезда на тимот на ЦСКА, Русинот Алексеј Швед, бил претепан од група хулигани кои важат за приврзаници на тимот од Москва. Информацијата ја потврдија и претставници на ЦСКА, откривајќи дека Швед бил нападнат пред ресторан во Москва, по што бил префрлен во болница, а полицијата веќе почнала истрага за инцидентот.

Засега е познато само дека поранешниот НБА-кошаркар има потрес на мозокот, а се очекува со дополнителни прегледи да биде утврдено каков степен на повреди на рацете и телото заработил Швед.

Се вчитува...