Медведев и Рубљов елиминирани во Мадрид

Денешната осминафинална програма на Мастерс-турнирот во Мадрид донесе неколку изненадувања, откако настапот на овој турнир неочекувано рано го завршија руските тенисери Данил Медведев и Андреј Рубљов.

Медведев важеше за голем фаворит во мечот со својот сонародник Аслан Карацев, моментно 121. рангиран на АТП-листата. Сепак, тенисерот кој преку квалификации обезбеди настап на главниот турнир во Мадрид одигра одлично и успеа да го земе скалпот на големиот фаворит, триумфирајќи во два сета со 7-6, 6-4.

Рубљов исто така беше поразен од ривал од Русија, откако по голема битка загуби од Хачанов со 2-0 во сетови. Особено интересен беше првиот дел од мечот, што беше решен со тајбрејк што Хачанов го доби со 10-8. Рубљов влезе во криза, го загуби сервисот во третиот гејм од вториот сет, по што не успеа да се врати и на крајот загуби со 6-4, што значеше и негова елиминација од Мастерсот во Мадрид.

Се вчитува...