Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски се најде во тимот на 32. коло во хрватската Прва лига.
Капитенот на националниот тим одигра одличен натпревар на гостувањето на Динамо Загреб против Хајдук на „Пољуд“ во ремито со кое „модрите“ си ја обезбедија новата шампионска титула во хрватскиот шампионат.
Ристовски доби највисока оценка од сите фудбалери на „модрите“ на дуелот во Сплит, па очекувано си обезбеди место и во идеалните 11.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА