Агентот на Швед: Има среќа што остана жив! (ВИДЕО)

Најголемата ѕвезда на тимот на ЦСКА, Русинот Алексеј Швед, беше претепан од група хулигани кои важат за приврзаници на тимот од Москва, нападнат пред ресторан во Москва по елиминацијата на тимот од Локомотив.

Поранешниот НБА-кошаркар со потрес на мозокот бил префрлен во болница, а полицијата веќе почнала истрага за инцидентот. Неговиот агент Обрад Фимич, го коментираше нападот во центарот на Москва соопштувајќи дека Швед завршил со „фрактури на коските на черепот и контузија на мозокот“.

„По натпреварот со Локомотив, Алексеј и неговата сопруга биле во ресторан во центарот на Москва. По вечерата ги пречекала група млади луѓе кои без причина почнале да ги малтретираат. Момците очигледно беа во пијана состојба, па мојот клиент свесен за тоа сакаше на мирен начин сето тоа да се расчисти, бидејќи и самиот Алексеј е скромна и мирна личност. Но, момците одлучиле физички да го нападнат во духот на ‘најдобрите руски традиции на најгордите личности’, односно четири или пет против еден. Како резултат на тоа, по ударот во пределот на главата, Алексеј паднал, удирајќи со главата на тротоарот. Се здобил со отворена повреда – скршеници на коските на черепот и контузија на мозокот! Благодарение само на милосрдниот Бог тој останал жив по еден таков инцидент. Можеби му помогна тоа што тој е професионален спортист кој тренира до максимални граници секој ден. А што би било кога би бил обичен физички неподготвен човек?“ – вели Фимич, и дополнува:

„Можам да кажам дека ваквото однесување во современото општество е неприфатливо. Цивилизираните луѓе треба да бидат способни да комуницираат без да ги употребуваат рацете, да претпочитаат милост пред насилство. Мотивите за нападот? Можеби чувство на неказнивост? Всушност, мотивите не се познати. Според мене, напаѓачите треба да бидат казнети според нивните дела. Се надевам дека ќе бидат пронајдени и случајот ќе има правична завршница“.

Во јавноста се појави и видео од претепувањето на Швед…

Се вчитува...